en-zname

 

logo

 

Компанијата ТЕХНОДОМ  е водечка трговска фирма во Р. Македонија на пазарот за продажба на компоненти за ладилни системи и ладилни уреди за комерцијално и индустриско ладење. Технодом работи исклучиво на деловниот пазар и го држи околу 65 % од пазарот во својата дејност во Р. Македонија и секојдневно се труди да постигне повеќе со цел да го зголеми присуството на домашниот пазар како и на поширокиот пазар, излегувајќи надвор од нашите граници,  во нашето соседство.

Откако е формирана нашата фирма во 1991 година ние секогаш се гордееме со нашата можност да ги понудиме најдобрите компоненти за ладилни системи, со високо квалитетна техничка помош и подршка. Ние нудиме продукти како резервни делови како и компоненти за изведба на сите видови Ладилни Комори, Ладилни Витрини, Ладилни Системи кои користат HFC- еколошки разладни флуиди (фреони) .

За сите наши производи од продажната програма постојано правиме истражување и анализи и тоа ни покажува дека има голем интерес меѓу потрошувачите кои ги лоцираме кај фирмите од Месната, Млечната индустрија, трговски фирми што се занимаваат со дистрибуција и продажба на прехрамбена стока, како и фирми што се занимаваат со производство, откуп и продажба на земјоделски производи.

Нашата компанија се ориентира кон комплетна услуга и брза достава на производите до нашите купувачи со комплетна понуда и најчесто директна продажба од лагер, како би се задоволил овој осетлив сегмент на целниот пазар, бидејќи сите наши купувачи се бават со производство или дистрибуција на храна, сè со цел да се сведат на минимум или да се отстранат било какви потенцијални загуби на купувачот или потенцијална опасност по крајните конзументи.


Нашата продажна програма се состои од:

  • Компресори и Кондензациски единици -агрегати
  • Испарувачи за разладни комори, Испарувачи за ладилни витрини
  • Кондезатори – воздушни и водени
  • Топлински изменувачи
  • Филтер-дехидратори, линиски компоненти за ладилните системи
  • Термо експанзиони вентили, Контролни вентили, Индикатори на влага
  • Електронски и механички термометри, термостати, пресостати, влагостати, дефрост и други контролери
  • Вентилатори Аксијални, Центрифугални и елиси
  • Антивибрациски цевки
  • Полиуретански Панели и Хигиенски лајсни за Ладилни Комори според HACCP
  • Станици за полнење на фреон, Вакуум пумпи
  • Сервисни алати за разлада, Електронски тест-детектори за фреон
  • Масло за компресори (минерално и синтетичко)
  • Бакарни цевки, Бакарни фитинзи, Изолација, Варилни компоненти
  • Сите видови на фреон

 

Основна карактеристика на нашите производи е квалитетот. Производите од нашата продажна програма во најголем дел се произведени во Европската Унија и еден мал дел во САД, Швајцарија, Јужна Кореја, Јапонија.

 

Сите продукти се од различни реномирани светски производители како што се:

 Dorin    Danfoss  Maneurop  Tecumseh Europe  Copeland
 Bitzer Germany  Frascold  Cubigel Compressors  Embraco  LU-VE Group
 ECO  Alco Controls  SWEP  Refco  Castel
 Wigam  Eliwell  Dixell  Carel  Braze Tec
 HIDRIA  FrigoMec  General Filter  Wieland  IBP Group
 IsoClima  Ebm Papst  MIV Insulating Systems  Ziehl Abegg Germany  Mobius
 ESK Shultze        

 

Сите производи се изработени по најнови  и највисоки светски стандарди и овозможуваат сигурност и доверба при вградувањето како и при користењето во системите за ладење.

Ние сме генерален дистрибутер за производите на Danfoss и Maneurop за територијата на Република Македонија

Каде се наоѓаме ?

Најнови информации

Адреса и контакт

ул. Јадранска магистрала бр. 61
(Качанички пат)
1000 Скопје, Р. Македонија

тел: + 389 (0) 2 306 33 50 ,
тел/факс: + 389 (0) 2 307 05 11

 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.